- April 26, 2024
- Posted by: admin
- Category: Некатегоризирано
Брзи Кредити
Брзите кредити, имаат свои позитивни страни кои можат во голема мерка да им помогнат на граѓаните во процесот на брзо обезбедување на финансиски средства.
Потребата од брзи кредити наоѓа своја примена кога брзината е клучна и парите ви се итно потребни.
Дополнително, процесот е олеснет со документација која што е потребна, односно потребно е идентификување со личен документ, важечка лична карта или пасош, како и пополнување на основните генералии за клиентот.
За разлика од традиционалните банкарски кредити, СН Финансии, бара помала документација, и има многу едноставен процес на електронско (онлајн) аплицирање, преку телефон на 15 007, или лично во една од четирите канцеларии во Охрид кои се отворени од 08 – 19 часот.
Дополнителна предност на СН Брзите кредити во Охрид е поддршката во итни случаи, односно за лицата кои се соочуваат со неочекувани трошоци или итни финансиски потреби.
Потрошувачки кредит
СН Финансии во Охрид, нуди различни типови на кредити до 300.000 македонски денари, кои подлежат на дополнителни трошоци и камати, како што се потрошувачки кредит за физички лица, кредит со залог (имот), како и кредит со залог злато, за кој што не е потребно дополнително проверување на кредитната ликвидност на клиентот, а рокот на исплата може да биде од 2 до 36 месеци, според Вашите можности за отплата.
Пензионерски кредит
За Пензионерите постои производ – пензионерски кредит кој што нуди поволности во однос на трошоците за оваа категорија на граѓани.
Секако најповластен потрошувачки кредит е земјоделскиот кредит, кој што може да биде исплатен и до 900.000 македоснки денари со можност за договор за начинот на исплата на еднакви месечни рати или квартално.
Хипотекарен кредит
Секако СН Финансии нуди услуги и за хипотекарни рамковни кредити за физички и правни лица.
Бескаматен кредит
Но, во СН Финансии може да земете и безкаматни позајмици како што е Аванс до плата, во висина до 40.000 македонски денари со рок на отплата до 30 денови. Овој тип на безкаматен кредит не подлежи на никакви дополнителни трошоци, односно го враќате изност кој што сте го подигнале без дополнителни трошоци или камати. Овој тип на кредит е наменет за поддршка на населението кое што се соочува со доцнење на платата.
Туристички бескаматен кредит
Во делот на безкаматни кредити треба да се спомене и туристичкиот кредит кој што се одобрува во висина до 60.000 македоснки денари по лице, а истиот се одобрува за туристички аранжмани направени во туристичката агенција ЈК Травел и туристичката агенција Минт Травел. Вкупниот износ на аранжманот го отплаќате на 10 рати без камата или дополнителни трошоци.
Бескаматен кредит за осигурување
СН Финансии, во соработка со МинтИнс осигурителен Брокер нуди и кредити без камата или дополнителни трошоци за отплата на осигурителни полиси изработени од страна на осигурителниот брокер на 12 месечни рати без дополнителни трошоци при што тука како пример кој граѓаните најчесто го користат осигурувањето на возило заедно со зелен картон и технички преглед како заеднички трошок на 12 рати без камата и други трошоци.
Предности на СН брзи кредити:
Минимална документација: За разлика од банковите заеми, брзите кредити бараат само основни документи како доказ за идентитет и приходи. Не е потребно да се поднесува голема документација.
Идеални за итни случаи: Кога времето е од суштинско значење, брзите кредити се одличен избор. Можете брзо да ги добиете средствата и да ги користите за неочекувани трошоци.
Придобивки за корисниците онлајн: Онлајн апликацијата за кредитВи овозможува да аплицирате за кредит од удобноста на вашиот дом или кое било друго место.
Инстант одобрување: Одобрувањето за брзите кредити може да биде дадено во истиот ден, а средствата да бидат исплатени на вашата банкарска сметка или во кеш.
За сите дополнителни информации може да не контактирате преку нашиот call centar на 15 007 или преку нашата веб страна krediti.com.mk
Брзите кредити се издаваат од страна на финансиските друштва, а во Охрид, тоа е СН Финансиско друштво, кое има две локации и тоа на ул Димитар Влахов бр 64, наспроти Гимназијата, и на Бул. Туристичка 50-3, на Кружниот тек.
Резимирајќи, СН Финасии во Охрид нуди брзо одобрување и исплата: Кога имате несакани потреби или итни случаи, брзите кредити Ви овозможуваат да добиете средства во рок од неколку минути. Одобрувањето е брзо, а средствата се исплаќаат веднаш на трансакциска сметка или во кеш во нашите канцеларии.