Општи Услови

ОПШТИ УСЛОВИ „ФД МИНТ СН ДОО БИТОЛА“

 

1. ВОВЕД

„ФД МИНТ СН ДОО “ Битола со  регистрирано седиште на со седиште на ул. Столарска бр.1, 7000 Битола, Република Северна Македонија, со адреса за доставување со седиште на ул. Столарска бр.1 Битола, со ЕМБС 7172451, регистриран во Трговскиот регистар и регистарот на други правни лица во Централниот регистар на Република Македонија е-маил: info@mint.com.mk, тел: 553-007, во понатамошниот текст ДАВАТЕЛ НА КРЕДИТ.
Општите Услови се составен дел од Договорите за Кредит, склучени меѓу „ФД МИНТ СН ДОО “ Битола и Корисниците на кредитите, истите им стојат на располагање на сите заинтересирани лица и се достапни и на веб страната на финансиското друштво (www.krediti.com.mk)
Кредитите, кои се доделуваат согласно овие ОУ, се одобруваат и исплаќаат од страна на ФД МИНТ СН ДОО Битола во македонски денари и се отплаќаат од страна на Корисниците на кредитот во македонски денари (МКД).
Сите рокови за целите на овие ОУ, Барањата за одобрување на кредитите и склучените Договори, се пресметуваат користејќи календарска година со траење од 365 дена.

2. ДЕФИНИЦИИ

За целите на овие Општи услови, следните поими ќе го имаат следното значење:

2.1 Применливи закони: Закон за заштита на лични податоци (објавен во Службен весник на Р.С.М бр.7/2005, изменет), Граѓански законик – Закон за облигациони односи (објавен во Службен весник на Р.С.М бр.18/2001, изменет), Македонски закон за потрошувачки кредити – Закон за заштита на потрошувачите при договори за потрошувачки кредити во Р.С.М (објавен во Службен весник на Р.С.М бр. 51/2011), Закон за договорен залог, Закон за податоците во електронски облик и електронски потпис.
2.2 Клиент – физичко или правно лице кое поднесува апликација за одобрување кредит до давателот на кредит или има склучено Договор за кредит со давателот на кредит.
2.3 Апликација – Апликација за одобрување на Кредит кое клиентот го доставува во писмена или електронска или усна форма до Давателот на кредит.
2.4 СВТ – Годишна Дтапка на вкупните трошоци согласно Законот за заштита на потошувачите при одобрување на потрошувачки ркедит која се пресметува согласно Одлуката за методологијата за преметување на годишна стапка на вкупни трошоци донесена од Народна Банка на Република Северна Македонија (дополнителни провизии не влегуваат во пресметка на СВТ)
2.5 Оцена на кредитна способност – Проценка на кредитна способност на Корисникот на кредит и проверка на можноста за враќање на Кредитот
2.6 Договор – ДОГОВОР ЗА КРЕДИТ – Договорот, со сите прилози кон истиот, а доколку е наложено со контекстот, овој поим значи документ на договор за потрошувачки кредит,
2.7 Договор за залог – Договор со својство на извршна исправа за залог, во случај на склучување на  Договор за кредит со залог или договор за наменски договор со залог, со сите прилози кон истите,
2.8 Камата – Износ кој треба да се плати на Давателот на кредит како надомест за користење на средствата дадени од страна на Давателот на кредит
2.9 Провизија – сите провизии кои ги наплаќа Давателот на кредит во врска со кредитот според договорот за кредит,
2.10  Дополнителни провизии – Сите други провизии кои не се вклучени во Договорт за кредит кои Давателот на кредит ги наплатува дополнително и истите се дел од официјалниот Тарифник на Финансиското друштво обајвен на веб страната на ФД.
2.11 Тарифа – Ценовник за услугите кај давателот на кредит која се објавува во Деловните простории и на Веб страната на Давателот на кредит.
2.12 Кредит – Износот на кредитот како што е дефинирано во Договорот за кредит.
2.13 Општи услови – Овие Општи услови.
2.14 МКД – Македонски денар. Кредитите кои се одобруваат согласно овие Општи Услови и договорите за кредит, се одобруваат и исплаќаат од страна на Давателот на кредит во македонски денари и се отплаќаат од страна на Корисникот на кредит во македонски денари.
2.15 Веб страна – Веб страната на Давателот на кредит www.krediti.com.mk
2.16 Датум на отплата – Датумот на кој Корисникот на кредит е обврзан да го врати кредитот заедно со сите провизии.
2.17 Кредитно Биро – Македонско кредитно биро АД Скопје, Бул. Кузман Јосифовски Питу бр.1, кат 5, Скопје кое работи врз основа на Законот за Кредитно биро (објавен во Службен весник на Р.С.М бр.81/2008, изменет).
2.18 Застапник – лице овластено од Давателот на кредит за клучување на договори за потрошувачки кредит во негово име и за негова сметка.
2.19 Електронски потпис – потпис на Корисникот на кредит и на давателот на кредит, кој што се применува со употреба на електронски уреди и истиот има еднаква важност со своерачниот потпис,
2.20 ОNE ID – мобилна апликација за лична електронска идентификација преку која клиентите може да се идентификуваат и електронски да го потпишат договорот за кредит од било кое место.
2.21 СМС – смс порака со индивидуален код за верификација на Корисникот на кредит.
2.22 Страни – како што е наведено во Договор за кредит.
2.23 Рок – сите рокови за целите на овие Општи услови, барањата за одобрување на кредитите и склучените договори, при што истите се пресметуваат користејќи календарска година со траење од 365 дена.
2.24 Деловни простории – Го означува секој трговски објект користен од Давателот на кредит, во кој Корисникот на кредит може да изврши една или повеќе од следниве активности: да добие инфомрација и/или консултација за условите за аплицирање, добивање и користење на кредит, да аплицира за кредит, да склучи договор за кредит, да изврши други активности согласно овие Општи услови за кои експлицитно е наведено дека можат да бидат извршени во соодветната деловна просторија. Локацијата, работното време и соодветната организација, која управува со Деловните простории, се наведени на Веб страна на Давателот на кредит.

3. УСЛОВИ ЗА ОДОБРУВАЊЕ НА КРЕДИТ

3.1 Давателот на кредит има право да одлучи со кого ќе склучи договор, односно воспостави деловен однос.
3.2 Давателот на кредит може да одобри склучување на Договор за кредит доколку се исполнети следните услови:
Клиентот е физичко лице и е државјанин на Република Северна Македонија, со навршени 18 години и има деловна способност за склучување на договор,
Идентитетот на клиентот е уредно верификуван,
Клиентот има редони приходи и може да си го дозволи Кредитот, а од клиентот може да биде побарано да поднесе доказ за приходите,
Клиентот побарал Потрошувачки кредит од Давателот на кредит и истиот е одобрен,
Клиентот го прифаќа и потпишал Договорот за кредит и неговите прилози,
Во случај на Договор за залог, во моментот кога залогот е запишан во Заложниот регистар при Централен регистар на Р.С.М (применливо за обезбедените договори за кредит и наменските обезбедени договори за кредит).
3.3 Одобрувањето на кредитот зависи од Оценката на кредитниот ризик (во понатамошниот текст: Оценката). Давателот на кредит, исто така, може да одбие да одобри кредит врз основа на информациите содржани во неговата база на податоци. Во случај на одбивање на одобрување кредит заради негативната Оценка врз основа на податоци од надворешни бази на податоци, Давателот на кредит ќе го ивести Клиентот за причината за одбивање.
3.4 Давателот на кредит нема да склучи договори со лица кои не се државјани на Р.С.М и со клиенти кои нема да ги достават податоците/документите побарани од Давателот на кредит за целите на идентификување и верификување на идентитетот и/или заради оценката на нивната кредитна способност, се во согласност со барањата на Давателот на кредит и доколку врз основа на барање од Давателот на кредит не достави доволно податоци или документи за потеклото на имот во случај на сомневање за перење пари или финансирање тероризам.
3.5 Давателот на кредит нема да склучи договори со клиенти кои причиниле директна или индиректна штета на Давателот на кредит или претставуваат закана или предизвикале штета на угледот на Давателот на кредит или Клиентот има обврска спрема други кредитори или кредитни институции.

4. ПОДНЕСУВАЊЕ НА АПЛИКАЦИЈА ЗА КРЕДИТ

4.1 Клиентот лично аплицира за кредит, со поднесување на Апликација до Давателот на кредит.Поднесувањето на апликацијата е исто така овозможено и преку веб страната на Давателот на кредит, телефонски, во деловните простории на Давателот на кредит како и преку Кредитен посредник или преку било кој друг канал овозможен преку Давателот на кредит.
4.2 Во апликацијата, Клиентот ги наведува своите лични податоци, емаил адреса, телефонски број итн.,како и бараниот износ на кредит и рок на отплата.
4.3 Давателот на кредит нема да биде одговорен за било какви грешки при поднесување на податоците од страна на клиентот а сите последици кои би можеле да настанат од таквите грешки ќе ги сноси клиентот.
4.4 Со поднесување на апликацијата, клиентот мора да даде согласност на Давателот на кредит за добивање извештај или извештаи од Македонско Кредитно Биро АД СКопје (МКБ). Клиентот е согласен дека дадената согласност за добивање извештај од МКБ ќе се однесува на секое и сите барања поднесени од Клиентот до Давателот на кредит.
4.5 Пред одобрување на кредитот, клиентот мора да изјави дали е носител на јавна функција
4.6 Пред потпишување на Договорот, Давателот на кредит му ја доставува на клиентот преддоговорната документација за побараниот Кредит и условите на кредитот.

5. ИДЕНТИФИКУВАЊЕ НА КЛИЕНТОТ

5.1 Клиентот ги поднесува податоците и документите побарани од Давателот на кредит за целите на идентификување на клиентот.
5.2 Клиентот се идентификува врз основа на документ за идентификација во согласност со закон прифатлив за Давателот на кредит (лична карта или пасош)
5.3 Клиентот може да биде идентификуван преку средства за комуникација прифатливи за Давателот на кредит или со средства за електронска идентификација (ONE ID)
5.4 Давателот на кредит ќе смета дека приложените документи од страна на клиентот се автентични, важечки и точни.
5.5 Давателот на кредит ќе направи копија од документите поднесени од клиентот и истите ќе ги чува, физички или електронски, во согласност со закон и Политиката за приватност.
5.6 Давателот на кредит применува домашни и меѓународни мерки за спречување перење пари и финансирање тероризам. Оттука, Давателот на кредит има право да побара податоци за финансиските активности на клиентот, како и потекло на имот на клиентот.
5.7 При примена на мерките за спречување перење пари и финансирање тероризам, Давателот на кредит ќе применува пристап базиран на ризик и врз основа на тоа спроведува соодветни мерки започнувајќи од природата на трансакциите, како и проценка на ризикот дека Клиентот или друго поврзано лице со него би можело да биде вклучено во процесот на перење пари или финансирање тероризам.

6. ОЦЕНКА НА КРЕДИТОСПОСОБНОСТА НА КЛИЕНТИТЕ

6.1 Давателот на кредит ја оценува кредитоспособноста на клиентот врз основана расположливи информации, вклучувајќи информации добиени од Клиентот и по своја проценка, и доколку е потребно, врз основа на податоци од надворешни бази на податоци, релеванти за оценка на кредитната способност и до кои Давателот на кредит има овластен пристап. Во случај Давателот на кредит да го одбие барањето за кредит врз основа на податоци добиени преку надворешни бази на податоци ќе го извести клиентот за причината за одбивање.
6.2 Клиентот е обврзан да му достави на Давателот на кредит примероци од документите потребни за Оценката, и како што е побарано од Давателот на кредит, како на пример:
Потврда за вработување,
Примерок од извод од трансакциска сметка,
Документ за пензија, во случај кога клиентот е пензионер итн.

6.3 Во случај кога кредитот е обезбеден со залог, клиентот е обврзан да му достави на даветелот на кредит валиден документ за предметот на залог, а  заради обезбедување на кредит.
6.4 Исто така давателот на кредит по сопствена проценка може преку своите вработени да спроведе разговор со клиентот, за време на кој може да побара да добие дополнителни информации или дополнителни документи. Овие разговори се снимаат и чуваат во согласност со политиката за приватност и се дел од досието на Клиентот.
6.5 Доколку при пополнување на Апликацијата, клиентот достави неточни податоци, во зависнот од моментот на дознавање на овај факт, давателот на кредит има право или да го одбие склучувањето на Договорот и/или давањето на кредит, или да го раскине Договорот и било кој друг договорен однос со клиентот без претходна најава и да побара предвремено враќање на кредитот, заедно со сите надоместоци, трошоци и пресметани камати или такви кои ќе бидат пресметани до датимот на раскинување на Договоро
6.6 Во случај давателот на кредит да ја одобри апликацијата, клиентот ќе биде известен за истото преку е-маил ил ителефонски (смс или повик), лично во деловните простории на давателот на кредит.
6.7 Давателот на кредит има право, без образложение да ја одбие апликацијата со испраќање на писмено известување до корисникот на кредит, вклучително и преку електронска пошта, преку СМС на наведениот телефонски број.
6.8 Клиентот се задолжува спрема давателот на кредит со еднократен надоместок за обработка на апликацијата (провизија). Провизијата доспева за плаќање на денот на потпишување на Договорот за кредит, а  се отплаќа од клиентот во рамки на месечни рати во согласност со Амортизациониот план, составен дел од договотор за кредит. Износот на провизијата е наведен во договорот за кредит, истата доспева за плаќање во целост и во случај на предвремено затворање на кредитот или раскинување на договорот од било која причина.

7. СКЛУЧУВАЊЕ НА ДОГОВОР

7.1 Договорот се склучува на начин предвиден со овие Општи услови и согласно одредбите од Применливите закони.
7.2 Договорот се смета за склучен и влегува во сила од моментот кога Клиентот ќе го потпише Договорот, своерачно или електронски.
7.3 Договорот и било кое барање може да биде потпишан своерачно во деловните простории или во деловните простории на Кредитниот посредник.
7.4 Електронското потпишување на договорот за кредит може да се одвива преку :
Онлајн страна на давателот на кредит преку која Клиентот пристапува исклучиво со негова е-маил адреса и верифициран код пратен од страна на давателот на кредит. Страните се согласуваат и изјавуваат дека сите изјави во врска со апликацијата, склучувањето или раскинувањето на договорот потпишани во деловни простории или електронски ќе се сметаат како своерачен потпис од Клиентот; или
Електронско потпишување на договорот за кредит со превземање на мобилната апликација ОNE ID -електронска идентификација на клиентот, преку која им се овозможува целосна заштита на идентитетот на клиентите од можна злоупотреба на лични податоци. Апликацијата е поврзана со телефонскиот број на клиентот како и неговата емаил адреса. Постапката за клиентот е следна:
По спуштањето на мобилната апликација клиентот треба да креира идентитет со помош на неговата биометриска лична карта или пасош (валиден документ,  со назив Северна Р.М.)  како и да направи слика од неговиот лик се со цел да добие одобрување за превземање на идентитет од страна на One ID.
Потоа клиентот ќе добие email од страна на One ID дека неговиот идентитет е одобрен.
Кредитниот референт преку системот на МИНТ СН праќа барање за превземање на идентитетот на клиентот, а клиентот добива емаил дека Минт СН сака да го превземе неговиот електронски идентитет и го пренасочува клиентот на browser кој ќе му овозможи да ја прочита и потпиши согласноста за повлекување на идентитет. Ова барање се одобрува преку претходно спуштената апликација на ONE ID.
Откако клиентот ќе ја потпише согласноста, кредитниот референт добива смс порака која ќе му потврди дека идентитетот за клиентот е успешно повлечен, а сите негови податоци автоматски се пополнети во системот на МИНТ СН.
Договорот се испраќа на потпишување до клиентот (доколку кредитот е обезбеден со гарант/и потребно е сите да ја имаат превземено апликацијата за електронска идентификација и да имаат креирано идентитет преку Оne ID). Откако сите инволвирани договорни страни го потпишат договорот, кредитниот референт добива известување дека Договорот за кредит е успешно потпишан и автоматски е депониран од страна на One ID. Исто така и клиентот го има на увид потпишаниот документ, на неговата One ID апликација.
7.5 Договорот за кредит со обезбедување се смета за склучен кога Клиентот ќе го потпише Договорот и прилозите кон договорот и ќе биде информиран за сите права и обврски кои произлегуваат од него. Овај тип на договор стапува на сила откако залогот ќе биде запишан во Централен Регистар на Р.С.М.
7.6 Секој износ одобрен и исплатен од страна на Давателот на кредит на клиентот претставува кредит даден од Давателот на кредит под условите на Договорот.

8. ИСПЛАТА НА КРЕДИТ

8.1 Кредитите може да бидат исплатени или на платежна сметка на Клиентот, во кеш (до максимален износ од 60.000 мкд) од благајната на финансиското друштво или во случај на купување на производи и услуги преку Кредитен посредник, на сметката на Кредитниот посредник. Во случај кога кредитот се исплаќа на сметка на кредитниот посредник а страните се согласни за тоа, Клиентот е оврзан да го отплати кредитот на Давателот на кредит во согласност со договорот.
8.2 Клиентот е одговорен за точноста на платежната сметка на која бара исплата на кредитот.
8.3 Доколку Клиентот доставил до Давателот на кредит невистинити информации или основата за донесување на одлука за одобрување на кредитот се сменила (вклучувајќи влошување на финансиската состојба на Клиентот, постоење товари на предметот на обезбедување кои не му биле познати на Давателот на кредит) Давателот на кредит ќе има право да одбие да го исплати кредитот врз основа на Договорот.

9. ТРОШОЦИ ПОВРЗАНИ СО ОДОБРУВАЊЕ НА КРЕДИТ

9.1 Давателот на кредит или право на камата и други провизии и надоместоци согласно Договорот.
9.2 Клиентот ги плаќа каматата и останатите догворени провизии и надоместоци согласно условите договорени во договорот и во согласност со Амортизациониот план. Давателот на кредит започнува да пресметува камата од денот на потпишување на Договорот на кредит.
9.3 Каматата или месечната провизија се пресметува месечно со примена на едноставниот метод за пресметка на камати/провизии и тоа на остатокот на износот на кредит.
9.4 Еднократната провизиј (или провизија за одобрување на кредитот)  се плаќа од клиентот на Давателот на кредит и истата доспева за плаќање на денот на потпишување на Договорот за кредит, а  се отплаќа од клиентот во рамки на месечни рати во согласност со Амортизациониот план, составен дел од договотор за кредит. Износот на провизијата е наведен во договорот за кредит, истата доспева за плаќање во целост и во случај на предвремено затворање на кредитот или раскинување на договорот од било која причина.
9.5 Вкупните трошоци на кредитот ќе бидат сите трошоци, вклучувајќи камати, провизии, и било какви надоместоци во врска со Договорот за кредит коишто Клиентот треба да ги плати и коишто му се познати на Давателот на кредит. Стапката на вкупни трошоци на кредитот се изразува во проценти како годишна стапка (СВТ). Давателот на кредит ќе ја пресмета СВТ во согласност со методологијата за пресметување на годишна стапка на вкупни трошоци пропишана од страна на Советот на НБРСМ. По пресметка на стапката на вкупни трошоци, се смета дека Кредитот е земен во целост од страна на Клиентот, Договорот е во сила до датумот на отплата како што е договорено во договорот за кредит и страните ќе ги исполнат обврските кои произлегуваат од Договорот.

10. АМОРТИЗАЦИОНЕН ПЛАН

10.1 За време на важноста на Договорот, Давателот на кредит го обезбедува Амортизациониот план на клиентот без дополнителен надоместок.
10.2 Амортизациониот план содржи податоци за ратите и рокот на нивно достасување и условите во врска со исплата на тие износи, преглед на секоја исплата со податоци за главнината, каматата/месечниот надоместок која е пресметана врз основа на каматната стапка или месечниот надоместок, доколку е применливо и дополнителни трошоци.
10.3 Давателот на кредит ќе му достави амортизационен план на Клиентот директно во деловните простории, или по електронска пошта.

11. ОТПЛАТА НА КРЕДИТОТ

11.1 Клиентот се обврзува дека ќе го отплати кредитот согласно одредбите поредвидени овде и износи предвидени во Амортизациониот план.
11.2 Клиентот го отплаќа кредитот на сметка на давателот на кредит како што е назначено во договорот на кредит или во кеш на благајните во деловните простории на давателот на кредит.
11.3 Клиентот на негов трошок ги сноси сите поврзани трошоци кои би можеле да произлезат за него од исполнување на Договорот (пр. Банкарски провизии)
11.4 При отплата на кредитот, клиентот се обврзува да се повика на неговиот број на кредит.
11.5 Во случај клиентот да има повеќе од еден активен кредит кај давателот на кредит и клиентот не дал специфични инструкции за распределба на средствата, распределбата на средствата примени од клиентот ќе се искористат за намирување на побарувањата по следниот редослед:
Судскии и вонсудски трошоци, трошоци за писмени опомени
Провизии за доцнење,
Доспеана казнена камата,
Доспеана а неплатена договорна камата/надоместок
Главница
11.6 Сите плаќања со кредитен трансфер се сметаат за извршени од моментот на уплатата на трансакциската сметка на давателот на кредит. Во случај ако давателот на кредит утврди дека е извршено плаќање, кое е невозможно да биде идентификувано, тоа плаќање не се смета за валидно се до моментот на негова идентификација, а клиентот ги сноси сите последици од задоцнето плаќање.
11.7 Клиентот има право на предвремено отплаќање на кредитот, целосно или делумно, со поднесување на писмено барање за предвремена отплата кај давателот на кредит и тоа 2 дена унапред. Во случај на барање за делумна предвремена отплата, клиентот може да го одбери датумот на уплата на средства кој не може да биде по датумот на пристигнување на месечната рата по планираниот датум на уплата.
11.8 Во случај на предвремена отплата на кредитот, клиентот е должен да ја плати недоспеаната главница, камата или месечен надоместок или други надоместоци како што е предвидено во склучениот договор за кредит.
11.9 Предвременото враќање, исто така, може да се изврши преку нов кредит даден од страна на Давателот на кредит на Корисникот на кредит („Кредит за рефинансирање“). Кредитот за рефинансирање може да се одобри само за цело (а не за делумно) враќање на постојните долгови на Корисникот на кредит кон Давателот на кредит од тековниот кредит, при што Клиентот не смее да има доспеани обврски спрема давателот на кредит. Давателот на кредит не е обврзан да одобри кредит за рефинансирање.
11.10 Доколку клиентот не го отплатил Кредитот, целосно или делумно, во согласност со условите утврдени од давателот на кредит, ќе се смета дека клиентот се откажал од барањето за предвремена отплата.
11.11 Во случај кога клиентот извршил плаќање кое го надминува достасаниот износ за плаќање а не го известил Давателот на кредит за намерата за целосна или делумна предвремена отплата, истото нема да се смета како предрвремена отплата и износот ќе се смета како претплата и ќе се користи за намирување на идните обврски на клиентот. Давателот на кредит го задржува правото да го искористи износот за наплата на било кое побарување од Клиентот, а кое произлегува од договорот за кредит или одобрените барања на клиентот доколку истите се доспеани.
11.12 Во случај на предвремено враќање на кредитот давателот на кредит има право на праведен надоместок за трошоците во висина од 1% од износот на предвреме отплатениот кредит, доколку периодот меѓу предвремена отплата и рокот на траење на договорот за кредит се случи во период подолг од една година од рокот на траење на договорот за кредит, односно во висина од 0,5% доколку предвремената отплата се случи во период не подолг од една година од рокот на траење на договорот за кредит. Во случај давателот на кредит да претрпел штета од предвремената отплата во износ поголем од надоместокот договорен овде, давателот на кредит може да побара оштетно побарување во согласност со закон. Клинетот не должи ваков надоместок за предвремена отплата на кредитот кога кредитот е откажан врз основа на правото на откажување,
11.13 Доколку после целосна отплата на обврските клиентот сеуште има расположлици средства Давателот на кредит ќе изврши поврат на платежната сметка на Клиентот.

12. ПРАВО НА ОТКАЖУВАЊЕ

12.1  Корисникот на кредит има право, без обврска за плаќање на надоместоци или казни и без да наведува причина, да се откаже од Договорот, во рок од 14 дена од денот на склучување на Договорот.
12.2  Ќе се смета дека се остварува правото на откажување од Договорот доколку Корисникот на кредит испрати писмена изјава до Давателот на кредит на адреса на Давателот на кредит или преку електронска форма.
12.3  Во случај на откажување од Договорот, Корисникот на кредит е обврзан да го врати целиот износ на дадениот кредит без никакво одложување (а најдоцна во рок од 30 дена од дадената изјава за повлекување), заедно со акумулираната камата до времето на враќањето; Корисникот на кредит нема да сноси дополнителни трошоци или провизии.
12.4  Во случај Клиентот да испрати навремено известување до Давателот на кредит за остварување на правото на правото на откажување, но не изврши плаќање спрема Давателот на кредит во рокот од 30 дена, Договорот продолжува да важи согласно условите под кои и е склучен.
12.5.  Во случај ако Корисникот на кредит не достави до Давателот на кредит писмената изјава, како што е наведено во точка 1 погоре, ако Корисникот на кредит го врати целиот износ на дадениот кредит заедно со акумулираната камата до периодот на враќањето во рок од 14 дена кои му се достапни на Корисникот на кредит да се откаже од Договорот, се смета дека Корисникот на кредит се откажал од Договорот од датумот на враќањето.
12.6  Во случај на враќање во согласност со точка од 1 – 3 дадени погоре, Договорот истекува.

13.  ПОСЛЕДИЦИ ОД НЕПЛАЌАЊЕ ОД СТРАНА НА КОРИСНИКОТ НА КРЕДИТ

13.1 Доколку клиентот не ги исполнува обврските од Договорот во целост и навремено, Давателот на кредит ги има следните права:
Да пресмета казнена камата на неплатениот износ од денот на доспевање на побарувањето до денот на наплата.Казнената камата се пресметува во согласност со законот за облигационите односи и тоа за секое полугодие во висина на референтната каматна стапка, како што е објавено од НБРСМ на 02 јануари и 01 јули, зголемена за осум процентни поени. Кога износот на достасаната, а неисплатена казнена камата ќе го достигне износот на главнината,каматата престанува да тече.
Покрај сите други права на Давателот на кредит според Договорот и овие Општи услови, во случај на доцнење над 90 дена со плаќањето на некој доспеан износ, Давателот на кредит има право да покрене постапка пред надлежен суд за спроведување на своите побарувања во однос на Корисникот на кредит.  Во случај на доцнење над 90 дена со плаќање на некој доспеан износ, Давателот на кредит има право да преземе дејствија за наплата на своите побарувања. Според Законот за Кредитно биро (објавен во Службен весник на Република Македонија бр. 81/2008, со сите негови измени), Давателот на кредит има право да достави информациите за обврските на Корисникот на кредит до Кредитното биро, што може да влијае врз кредитната способност на Корисникот на кредит. Податоците за Корисникот на кредит се доставуваат до Кредитното биро врз основа на писмен договор склучен меѓу Давателот на кредит и Кредитното биро и врз основа на член 9, 10 и 14 од Законот за Кредитно биро. Покрај сите други права на Давателот на кредит според Договорот и овие Општи услови, Страните се договорија дека во случај на доцнење со плаќањето на Давателот на кредит на најмалку два ануитета, како што е наведено во амортизациониот план кој претставува Прилог 1 на Договорот за кредит, Давателот на кредит има право да го раскине Договорот во рок од 14 дена по доставување на известување доставено по препорачана пошта на адресата на Корисникот на кредит.

14. РАСКИНУВАЊЕ НА ДОГОВОРОТ

14.1 Давателот на кредит има право да го раскине договорот без период на раскинување со препорачано писмо испратено на адреса на Корисникот на кредит, само доколку:
– Корисникот на кредит, за да го добие Кредитот, доставил лажни документи или изјави,
– Корисникот на кредит не ги исполнува навремено обврските за плаќање согласно Договорот за кредит,

-Во случај на обезбеден кредит,пазарната вредност на заложениот објект се намали до степен да е недоволна за намирување на побарувањата на Давателот на кредит кои произлегуваат од Договорот или настане законска пречка за валидноста на залогот, а Давателот на кредит и Клиентот не се договорат за воспоставување на дополнително обезбедување
-Настанат случаи кои го загрозуваат редовното исполнување на Договорот од страна на Клиентот

– Во случај на раскинување, Кредитот заедно со сите надоместоци и доспеана  камата до денот на раскинувањето стануваат доспеани за плаќање.Конечниот износ кој Корисникот на кредит треба да го плати заради раскинување на Договорот ќе биде наведен од Давателот на кредит во известувањето за раскинување.
14.2  Корисникот на кредит има право да го раскине Договорот без период на раскинување, со препорачано писмо испратено на адреса на Давателот на кредит, само ако Давателот на кредит, само ако Давателот на кредит(преку застапникот) не ја исполни својата обврска да прима ануитети според амортизациониот план кој претставува Прилог 1 на Договорот на кредит.

15. ПРАВА И ОБВРСКИ НА СТРАНИТЕ

15.1.  ФД Минт СН ДОО Битола се обврзува:
-Да му даде на Корисникот на кредитот преддоговорна и договорна информација за саканиот Кредит во согласност со важечкото законодавство
-Да му го исплати Кредитот на Корисникот на кредитот во согласност со договорениот износ, рокови и услови, во рок од 24 (дваесет и четири) часа од одобрувањето;
-Да ги одразува навремено и точно исплатените од Корисникот на кредитот рати за отплата на Кредитот;
-На барање од страна на Корисникот на кредитот, при отплата на главнината на Кредитот, да му даде целосна и точна информација за извршените и евидентирани до моментот плаќања;
-Да му ги даде на Корисникот на кредитот сите потребни документи, кои се однесуваат на опслужувањето на кредитот, пополнети точно и коректно;
-Да врши и други обврски, предвидени со важечкото законодавство.
15.2. ФД Минт СН ДОО Битола има право:
-Да бара целосно исполнување на сите обврски на Корисникот на кредитот согласно Договорот и овие Општи услови;
-Да биде известен веднаш од Корисникот на кредитот при настанување на околности, кои би предизвикале доцнење со исплата или влошување на целокупната финансиска состојба на Корисникот на кредит
-Да ги бара од Корисникот на кредит потребните документи, односно копии од документи за доделување на кредит, вршење на проценка на кредитоспособноста, како и евидентирање на информациите за опслужувањето на кредитот;
-Во секое време да ги префрли своите права од Договорот на трето лице, вклучувајќи да го даде во залог побарувањето во корист на трето лице, согласно без да се бара согласност од Корисникот на кредит за тоа. Во овој случај Корисникот на кредитот ќе биде известен за настанатите промени односно носителот на побарувањето, со испраќање на писмено известување на наведената електронска пошта во Барањето и Договорот за Кредит. ФД Минт СН ДОО Битола нема обврска да го извести Корисникот на кредит за преносот, во случај, ако согласно договорот меѓу ФД Минт СН ДОО Битола и третото лице, ФД Минт СН ДОО Битола ќе продолжи да го администрира кредитот на Корисникот на кредитот;
-Да води, вклучувајќи преку трети лица, секаква кореспонденција со Корисникот на кредитот, да спроведува телефонски повици со Корисникот на кредитот, да му испраќа електронски пораки, писма и налепници, во случај ако последниот не исполни некоја од обврските од Договорот, и на тој начин го известува за неговото доцнење;
-Во случај на задоцнување со плаќањето на достасана рата за отплата од страна на Корисникот на кредитот, како и во случај на делумно плаќање на рата за отплата, да ги преземе сите потребни дејствија за вонсудска и /или судска наплата на своите побарувања, а трошоците за тоа ќе бидат на товар на Корисникот на кредит;
-Корисникот на кредитот јасно ја изразува својата согласност да прима повици, пораки, електронски пораки, писма други документи и известувања како и промотивни известувања за целите на директниот маркетинг на телефонскиот број, на електронската пошта или на домашната адреса наведени во апликацијата за кредит поднесена од корисникот на кредит, при што корисникот на кредитот е свесен дека во секое време може да прати писмено известување до финансиското друштво дека не сака да ги прима овие известувања.
15.3.Корисникот на кредитот се обврзува:
-Да ги врати искористениот Кредит, вклучувајќи ја главнината, каматата и трошоците до доспевање на последниот ануитет, согласно Амортизациниот план;
-Да ги почитува роковите и условите за исплата на Ануитетите за отплата;
-Да го извести веднаш ФД Минт СН ДОО Битола за секоја промена на околности, кои би предизвикале задоцнување со исплата или би можеле да доведат до влошување на финансиската состојба, како и за секоја промена во информацијата, дадена од него при поднесувањето на Барањето, односно потпишување на Договорот, вклучувајќи, но нецелосно: за измена во неговите месечни приходи, на адресата на живеење и/или на сегашната адреса, на вработувањето, телефонските броеви, покренати судски и/или извршни постапки против Корисникот на кредит и/или неговиот сопруг/сопруга, и/или одредени на Корисникот на кредитот и/или на неговиот/нејзиниот брачен другар казни за прекршочни или кривични постапки, и/или одредени мерки за запленување и/или одземање во корист на државата на било каква сопственост, која им припаѓа;
-Да ги сноси сите трошоци, поврзани со неисполнување на својата обврска за кредитот, предвидени во Договорот и овие ОУ, вклучувајќи, но не само, трошоци за покани за доброволно исполнување, посети на лице место, телефонски повици, државни такси, адвокатски хонорари, патни и други трошоци;
-Доколку барањето за кредит е одобрено од страна на ФД Минт СН ДОО Битола, Корисникот на кредит се обврзува да даде две лица за контакт кои ќе бидат валидни. Корисникот за кредит се обврзува да ги извести лицата за контакт дека ги навел нивните телефонски броеви и да обезбеди нивна согласност финансиското друштво да ги контактира доколку не може да воспостави контакт со Корисникот на кредит.
15.4.Корисникот на кредитот има право:
-При отплата на главнината за Договор за кредит на одреден рок да добие на барање и бесплатно, во секој момент од спроведувањето на Договорот, извадок на сметка во форма на Амортизационен план;
-Амортизациониот план ги содржи доспеаните плаќања и роковите и условите за овие плаќања;Амортизациниот план содржи детално објаснување на секоја рата за отплата, кое ја покажува отплатата на главнината, каматата, пресметана врз основа на каматната стапка, и каде што е применливо, дополнителните трошоци;

16.  ПРЕНЕСУВАЊЕ НА ЛИЧНИ ПОДАТОЦИ

16.1  Корисникот на кредит дава своја согласност дека неговите/нејзините лични податоци може да бидат пренесени на агенција за наплата на побарувања.
16.2 Давателот на кредит ќе врши обработка на личните податоци на Корисникот на кредит за целите на Договорот на кредит, исплатата на кредитот и наплатата на истиот.
16.3 Давателот на кредит може да врши пренос на личните податоци на Корисникот на кредит, во други држави но само по претходно одобрение за пренесување на лични податоци од Агенцијата за заштита на лични податоци, со цел исполнуање на законска или договорна обврска.

17. ЖАЛБЕНА ПОСТАПКА

Корисникот на кредит може да поднесе приговор со допис на адресата на Давателот на кредит наведена погоре.
На приговорите ќе биде одговорено во најкраток можен рок, а Давателот на кредит ќе настојува да одговори во рок од 30 работни дена.

18. ВИША СИЛА

18.1. ФД Минт СН ДОО Битола нема да биде одговорен пред Корисникот на кредитот за секое доцнење или пропуст за извршување на обврската од овие Општи услови, кои се должат на виша сила (како што е дефинирано во подолу).
18.2. “Виша сила” ќе значи секој непредвидлив случај, кој не може да се спречи настанат по потпишувањето на Договорот за кредит помеѓу ФД Минт СН ДОО Битола и соодветниот Корисник на кредит и кој доведува до неможност за исполнување на обврските, преземени од ФД Минт СН ДОО Битола според Договорот и / или овие ОУ, вклучувајќи, но без да се ограничени: техничка неисправност во софтвер или хардвер системите, кои се користат од ФД Минт СН ДОО Битола, законски, административни или владини ограничувања, природни катастрофи, бунтови, востанија, судири или немири, војна, терористички напади, земјотреси или други деструктивни дејства на природни сили, општонародни штрајкови, ембарго.
18.3. При настанување на Виша сила за ФД Минт СН ДОО Битола, ФД Минт СН ДОО Битола ќе ги преземе сите разумни активности и мерки, за да ги ограничи евентуалните загуби и штети, и ќе го извести соодветниот Корисник на кредит во рок од една недела од денот на настанување на виша сила.
18.4. Недостатокот на финансиски средства нема да се смета за виша сила, како во однос ФД Минт СН ДОО Битола, така и во однос на Корисникот на кредитот.

19. ЗАВРШНИ ОДРЕДБИ

Сите известувања помеѓу Страните во врска со Договорот ќе се прават во согласност со Договорот.
19.1 Доколку некоја одредба или дел од одредбите од овие Општи услови се неважечки или неисправни, останатите одредби остануваат во сила. Договорот или овие општи услови може да се изменат и дополнат само со претходна взаемна согласност на двете Страни.
19.2 Одредбите од македонските закони се применуваат на Договорот и неговите прилози, особено Законот за облигациони односи, Законот за потрошувачки кредити и други општо обврзувачки одредби од македонското законодавство.
19.3 Договорот и овие Општи услови се потпишани во два идентични примероци, еден за Корисникот на кредит и еден за Давателот на кредит.
19.4.Со потпишување на Договорот, Клиентот потврдува дека ги прочитал и разбрал овие Општи услови и во целост ги прифаќа.