Богатиот и каматата

Еден богат човек од Менхетан, отишол во финансиска институција и им кажал дека сака да подигне кредит од 100 долари.
На тоа вработениот се насмевнал и рекол дека треба да остави залог.
Богатиот се насмевнал и ги оставил клучевите од својот скап автомобил.
Вработениот припремајќи ги парите и документите, објаснал дека камата изнесува 2 долари дневно, на што богатиот климнал со главата укажувајќи дека се согласува.
Потоа, богатиот човек ги зел парите и заминал. После пет дена, се вратил во институцијата, оставил кај вработениот 25 долари и си ги зел клучевите од автомобилот.
Заминувајќи кон излезот, добил чудно прашање од вработениот.
– Господине, како ви се исплаќа да плаќате толку висока камата на дневно ниво и да земете 100 долори за пет дена а да оставите залог толку скап автомобил?
На тоа, богатиот се завртил и со насмевка одговорил:
– Па каде на друго место ќе најдам толку сигурен и евтин паркинг на среде Менхетен додека сум отсутен на службено патување.