- April 9, 2022
- Posted by: admin
- Category: Настани
СН финансии ја прошири деловната мрежа со отворање на оваа експозитура, втора нова локација само во овој месец.
Викендов СН финансиско друштво свечено ја отвори својата нова експозитура лоцирана на ул.Димитар Влахов бр.16 (Стара Чаршија, до ТА Атлантис), во Струмица.
Со овој потег, СН финансиско друштво ќе им овозможи сеопфатни услуги на своите клиенти од овој град, кои досега ги користеа онлајн услугите на оваа компанија.
По повод отварањето на оваа експозитура, компанијата им посака добредојде на клиентите со голема промоција:
30% попуст на брз кредит до 30.000 мкд за сите оние кои ќе аплицираат во оваа експозитура.
Со отворањето на новата експозитура СН ја прошири својата деловна мрежа и во овој регион, а најавуваат и следни нови локации, со што ќе бидат чекор поблиску до своите клиенти.
СН Финансиско Друштво за мошне кратко време, одлично се позиционира на пазарот, каде што изгради имиџ на брз и квалитетен сервис на полето на кредитирањето, платежните картички, издавањето на гаранции, како и факторинг услугите. Компанијата е целосно орентирана кон клиентите и со евидентен стабилен и здрав раст во изминатите 5 години. ФД СН Финансии е една од водечките Финтек комапнии во овој дел од Европа, кои наметнаа дигитална револуција во онлајн кредитирањето.