- June 6, 2024
- Posted by: admin
- Category: Новости
Дали е ова банка за пари?
Дали знаете дека во Норвешка, постои специјализирана Банка, односно трезор во кој е строго забранет влезот.
Имено, станува збор за Свалбард трезорот за семиња, каде се депонираат дупликати на семиња конзервирани во ген-банки од целиот свет.
Дали банката издава кредити?
Иако не станува збор за банка која издава кредити или има сеф со пари, сепак, истата има клучно значење во зачувувањето на резерви со семенски материјали, односно обезбедува сигурност на снабдувањето со храна.
Колкава е каматата на годишно ниво?
Целокупните трошоци за одржливоста на овој проект е во рамките на Норвешката влада, а чувањето на семиња е бесплатно за депонентите.
Колку е сигурен системот за одржување?
Банката нема постојано вработен персонал, но е заштитена со највисок степен на безбедност и надморска висина од 130 метри. Дополнително климатските услови овозможуваат неколку недели заштита на материјалите во случај, системите за ладење да се расипат.
Дали е меѓународно призната?
Мултилатералниот договор досега е потпишан од повеќе од 140 држави, што претставува најголемиот безбедносен сеф за семиња во светот со повеќе од 1,17 милиони примероци.
Које сопственик?
Банката е сопственик на самиот објект, но материјалите кои се чуваат внатре се во сопственост на депонентите, што во практика значи класичен сеф за чување на скапоцености.
Дали сте слушнале за друг тип на вакви Банки?