Почитувани, Ве известуваме дека од 06.04.2019 година сите наши производи се усогласени со новиот закон за заштита на потрошувачи при договори за потрошувачки кредити.

Наши гаранции

ФД Сн Финансии како финансиско друштво регистрирано во Р. Македонија во соглсност за законот за финансиски друштва има дозвола издадена од Министерството за финансии (13-14385/4 од 14.12.2016) која му овозможува и издававње на гаранции. ФД Сн Финансии го разбира значењето на сигурни и регулирани партнерски односи со Вашите деловни партнери во земјата. Затоа Ви нудиме можност за користење на повеќе видови гаранции кои значително ќе го олеснат работењeто со Вашите добавувачи и клиенти, ќе го забрзаат и гарантираат процесот на плаќање, испорака и квалитет.

Што претставува банкарската гаранција?

Банкарската гаранција е инструмент кој може да Ви помогне за навремено плаќање на стоките/услугите или доброто извршување на договорната обврска. Овој инструмент го штити исполнувањето на договорот, штитејќи ги интересите на налогодавачот (купувачот/извршителот) и на корисникот (продавачот/нарачателот).
Со тоа Вашиот бизнис е заштитен од непредвидени трошоци и одложувања.

ФД Сн Финансии во моментот ги нуди следните гаранции:

  • Гаранции за учество на тендер.
  • Гаранции за навремено и квалитетно извршување на работите.
  • Гаранции за уредно измирување на обврските.

Top