EnglishAlbanianMacedonian




ПЛАН ЗА ЕФИКАСНО ШТЕДЕЊЕ

Октомври е месец на штедење, затоа споделуваме како најефикасно да направите план за штедење во неколку чекори.

1. Пресметајте ги вашите трошоци - за да ја одредите висината на месечните заштеди, треба да знаете кои се вашите месечни трошоци. Започнете да водите евиденција на трошоци на месечно ниво, со евидентирање и на најмалиот трошок.

2. Направете буџет - кога ќе ги евидентирате трошоците, направете буџет за да може да испланирате колку ќе потрошите на месечно ниво. Ова е одлична можност да се откажете од непотребните трошоци.

3. План за штедење - земајќи ги во предвид месечните трошоци и месечните приходи, определете го месечниот износ на заштеди и вклучете го во вашиот буџет. Идеално е да заштедите 10-15% од вкупниот месечен приход. Ако не успеете, тогаш ревидирајте ги вашите трошоци повторно или поставете ваш критериум за заштеда.

4. Поставете финансиски цели за штедење на долгорочен и краткорочен план - дефинирањето цели е дополнителна мотивација да се започне со штедење. Исто така, потребно е да се дефинира периодот кој што е потребен за заштеда на средствата. На пример, за краткорочни цели - до максимум 3 години, додека пак за долгорочни – над 3 години.

5. Дефинирајте приоритети – секој има свои приоритети кога се во прашање целите за штедење, дефинирајте ги вашите.

6. Проверувајте ја вашата заштеда секој месец и како истата напредува. Тоа ќе биде поттик да продолжите да се држите до дефинираниот план, но и брзо да реагирате доколку се појави одреден проблем.

Top