Наменски Кредит

Наменски кредит од СН финансии – Едноставно и паметно решение за промена во домот

Кога се подготвувате за промена во домот, наменски кредит од СН финансиско друштво е најдоброто решение со кое ќе си го обезбедите потребниот комфор.

Летото е совршен период за да донесете одлука за промена во домот поради добрите временски услови и долгите дневни часови. Доколку се размислувате како да започнете со промена бидејќи буџетот не ви е доволен, тогаш наменски кредит од СН Финансиско друштво е наједноставната опција за реновирање на домот. Без разлика дали станува збор за нова модерна кујна, поефикасна машина за перење, нова софа во дневната или поголема промена во домот, овој наменски кредит ја обезбедува финансиската флексибилност која што ви е потребна за да ги направите подобрувањата сега без да го оптоварувате вашиот семеен буџет.

Што е наменски кредит и зошто се употребува?

Наменски кредит е тип на кредит за кој точно е определена специфична намена. Ваквиот тип на кредит е наменет за купување на одредени производи како апарати за домаќинство, бела техника, мебел, земјоделска механизација, авто делови, велосипеди, мотори, а исто така и за употреба на одредени услуги како летување, стоматолошки услуги, козметички услуги, академии за неформално образование итн. Наменски кредит најчесто обезбедуваат финансиските институции кои стапуваат во соработка со компании трговски партнери. Трговските партнери ги обезбедуваат потребните производи или услуги.

Наменски кредит е таков кредит кој може да ви помогне да го модернизирате вашиот дом и да создадете удобно катче за уживање и опуштање.

Наменски Кредит / Namenski kredit

Што да направите пред да аплицирате за наменски кредит?

– Направете листа на потребните промени кои ќе ги правите во домот со помош на овој кредит. Бидете детални во составувањето на оваа листа.
– Потоа пресметајте ги вкупните трошоци за планираните промени и набавка на апарати. Во оваа пресметка вклучете ги и потенцијалните скриени трошоци, како што се работна сила и неочекувани поправки при процесот.
– Откако ќе ги пресметате трошоците, прегледајте го буџетот со кој распологате моментално и одземете го од пресметаните трошоци.
– На крајот пресметајте го износот кој ви недостига за потребните промени, а кој ќе го покриете преку наменски кредит.

Зошто да изберете наменски кредит од СН финансии?

– Брзото одобрување ви овозможува да започнете со реновирање на домот или купување на потребните апарати без одложување. Процесот на одобрување на наменски кредит е многу побрз и полесен поради специфичната намена на финансиски средства со која се намалува ризикот. Потребните финансии се префрлуваат директно на сметка на трговскиот партнер со што се скратува времето за исплата на овој кредит.
– Износот на овој кредит е до 200.000 мкд што е прилично висока сума. Рокот на отплата е до 60 месечни рати со што клиентите може да ги користат овие финансиски средства за најразлични потреби.
– Наменскиот кредит има поволни услови и пофлексибилни каматни стапки кои се разликуваат во зависност од трговскиот партнер.
– Голем избор на компании кои обезбедуваат производи и услуги во најразлични дејности. СН финансии обезбедува наменски кредит за купување на производи или употребување на услуги од најразлични компании со кои има склучено соработка.

Како да аплицирате за наменски кредит?

– Посетете ги нашите трговски партнери на нивните продажни локации чија листа може да ја погледнете тука.
– Изберете ги производите кои ви се потребни.
– Известете го продавачот дека ќе купувате на рати преку СН Финансии, односно со наменски кредит.
– Трет чекор е пополнување на апликација за наменски кредит согласно износост на производите.
– Откако ќе ја пополните апликацијата од СН Финансии добивате известување за висината на месечната рата и рокот на отплата на наменскиот кредит.
– За кратко време, во рок од само 10 минути ќе добиете одговор од СН Финансии. Потоа ги добивате потребните производи кои сте ги избрале претходно.

Сеуште размислуваш дали да започнеш со реновирање денес? Започни веднаш со наменски кредит.
Потребен ти е само клик тука или контактирај не на 15 007.