Почитувани клиенти, Ве известуваме дека по повод НОВОГОДИШНИТЕ И БОЖИЌНИТЕ ПРАЗНИЦИ услугите на СН Финансии ќе бидат достапни со следното работно време: 31.12.2019 - Сите експозитури ќе работат од 08:00 до 17:00 часот - 01.01.2020 - Неработен ден - 04.01.2020 - Работно време од 09:00 до 15:00 часот - 06.01.2020 и 07.01.2020 - Неработни денови - СРЕЌНИ НОВОГОДИШНИ И БОЖИЌНИ ПРАЗНИЦИ!

Наши гаранции

ФД Сн Финансии како финансиско друштво регистрирано во Р. Македонија во соглсност за законот за финансиски друштва има дозвола издадена од Министерството за финансии (13-14385/4 од 14.12.2016) која му овозможува и издававње на гаранции. ФД Сн Финансии го разбира значењето на сигурни и регулирани партнерски односи со Вашите деловни партнери во земјата. Затоа Ви нудиме можност за користење на повеќе видови гаранции кои значително ќе го олеснат работењeто со Вашите добавувачи и клиенти, ќе го забрзаат и гарантираат процесот на плаќање, испорака и квалитет.

Што претставува банкарската гаранција?

Банкарската гаранција е инструмент кој може да Ви помогне за навремено плаќање на стоките/услугите или доброто извршување на договорната обврска. Овој инструмент го штити исполнувањето на договорот, штитејќи ги интересите на налогодавачот (купувачот/извршителот) и на корисникот (продавачот/нарачателот).
Со тоа Вашиот бизнис е заштитен од непредвидени трошоци и одложувања.

ФД Сн Финансии во моментот ги нуди следните гаранции:

  • Гаранции за учество на тендер.
  • Гаранции за навремено и квалитетно извршување на работите.
  • Гаранции за уредно измирување на обврските.

Top